logo
logo
logo

Само 1.083 активни на корона - ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 02.06.2021

Само 1.083 активни на корона - ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 183. Вкупно има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во Скопје во текот на вчерашниот ден беа хоспитализирани нови девет пациенти поради компликации од коронавирусот. Во главниот град вкупно се лекуваат 74 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19.

Во ковид центрите во болниците низ земјава вчера е пријавено дека се лекуваат вкупно 109 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември вчера имало три примени пациенти и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Од Министерството соопштија дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

-Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, а Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, посочија вчера во соопштение.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68521, Активни 441

Куманово 8830, Активни 105

Прилеп 8304, Активни 61

Тетово 7214, Активни 45

Битола 6292, Активни 54

Велес 5468, Активни 15

Гостивар 5173, Активни 24

Кавадарци 5153, Активни 11

Охрид 5003, Активни 55

Штип 4959, Активни 21

Струмица 4111, Активни 39

Струга 2980, Активни 25

Кочани 2787, Активни 14

Кичево 2565, Активни 42

Гевгелија 2191, Активни 7

Неготино 2184, Активни 8

Свети Николе 1522, Активни 10

Ресен 1234, Активни 12

Крива Паланка 1219, Активни 3

Радовиш 1159, Активни 30

Берово 1029, Активни 2

Делчево 971, Активни 9

Дебар 940, Активни 1

Виница 881, Активни 18

Пробиштип 789, Активни 3

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 2

Крушево 490, Активни 4

Демир Хисар 397, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 374, Активни 10

Македонски Брод 359, Активни 3

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 5

Дојран 132, Активни 0

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk