logo
logo
logo

Сакате „Кино на отворено“- вечерва во Кисела Вода

Vecer | 09.08.2022

Сакате „Кино на отворено“- вечерва во Кисела Вода

Од вечерва, со почеток во 21 часот, па до 14 август, во партнерство со МакеДокс, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец” ќе биде отворено првото „Кино на отворено“ во Кисела Вода. Со филмот “Cinema Komunisto” на режисерката Мила Турајлиќ, вечерва ќе биде отворено „Кино на отворено“. Како што информираат од Општина Кисела Вода, секоја вечер со почеток од 21 часот, во паркот „Македонија“, непосредно до Домот на кутурата „Билјана Беличанец“, посетителите ќе можат да погледнат по два филма. Покрај „Cinema Komunisto“, вечерва на репертоарот е и „My world is upside down” во режија на Петра Селискар. Утре во програмата во рамки на „Кино на отворено“ ќе се емитува и првиот македонски филм за деца „Стела“, како и „Avec l’amour” на Илија Цветковски. – Покрај споменатите наслови, оваа седмица, доколку дозволат временските услови, „Кино на отворено” на публиката ќе и ги понуди и „Grand mothers of Revolution“, „Mother Europe“ во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, како и неколку други изненадувања, посочуват од општинската прес-служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk