logo
logo
logo

„Сакале нејќеле до година ДУИ ЌЕ БИДАТ ОПОЗИЦИЈА, ДОБРО Е ШТО СТАНУВААТ СВЕСНИ“

Vecer | 07.06.2023

„Сакале нејќеле до година ДУИ ЌЕ БИДАТ ОПОЗИЦИЈА, ДОБРО Е ШТО СТАНУВААТ СВЕСНИ“

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет.

- Сакале неќеле до година ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни, велат од партијата.

Претходно портпаролот на партијата Бујар Османи на Фејсбук напиша дека Демократската унија за интеграции (ДУИ) се согласува да не биде во владата што ќе се формира откако претходно ќе се изгласаат и ќе стапат во сила уставните измени.

- „ДУИ е подготвена да поддржи влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сè“, објави Османи.

Ставот на ДУИ доаѓа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека прифаќа во широка влада, но ако во неа ја нема ДУИ, но и ако уставните измени се случат откако сите земји членки ќе го ратификуваат влезот на Македонија во ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk