Сакал со „пајак“ да му го одземе возилото, двете сопатнички не дозволувале и го влечеле полицаецот за врат

Полициски службеник бил нападнат откако со „пајак" сакал да им го одземе возилото, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во Секторот за внатрешни работи-Куманово, полициски службеник пријавил дека на 19.02.2018 година околу 10,50 часот во Куманово на улицата „11-ти Октомври", при вршење служба со специјално возило "пајак" од страна на А.Е.(55) од Куманово кој управувал патничко возило „Поло", бил омаловажуван. Откако на А.Е. му било наредено да излезе од возилото, тој му ја одзел радио врската на полицискиот службеник. Тогаш од возилото излегле и две женски лица кои физички го нападнале полицискиот службеник влечејќи го за вратот.

Во полициска станица бил приведен А.Е., а повикани на службен разговор биле В.Е.(62) и С.А.(28) и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари