logo
logo
logo

Сакал слава, а добил 400 евра казна: Тетовец на Тик-Ток вози со 300 километри на час

Vecer | 19.02.2021

Сакал слава, а добил 400 евра казна: Тетовец на Тик-Ток вози со 300 километри на час

Жител на Тетово објавил видео на социјалната мрежа Тик-ток, на кое тој вози со 300 километри на час на автопатот кон Гостивар.

Наместо слава што најверојатно ја очекувал, овој 24-годишен тетовец од полицијата добил казна од 400 евра за пребрзо возење.

Како што соопштија од СВР Тетово, 24-годишниот сопственик на „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кој вчера околу 12 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, е казнет со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност.

Воедно ќе му биде и времено одземена возачката дозвола до една година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk