logo
logo
logo

Сајкоски: Над 100.000 граѓани КАЖАА НЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОПИС (ВИДЕО)

Vecer | 01.03.2021

Сајкоски: Над 100.000 граѓани КАЖАА НЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОПИС (ВИДЕО)

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на прес конференција во име на партијата се заблагодари и упати честитки што над 100.000 граѓани изминативе 8 дена се потпишаа на иницијативата за укинување на Законот за попис.

- ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните за само 8 дена собра 100.000 потписи за нешто помалку од вкупно 24 часа.  И покрај бројните опструкции од власта, само 24 часа во 8 дена 100.000 граѓани го дадоа својот потпис за вистински и европски попис, спротивен на оној кој сака  да го организира власта на насилен начин, со политичка цел, рече Сајкоски.

Тој истакна дека граѓаните одлучија дека не сакаат политички попис, сакаат попис како статистичка операција, што точно ќе може да ја насочи Република Македонија во која насока да се развива.

- Од самиот почеток власта беше исплашена знаејќи дека спроведува попис спротивно од барањата и заложбите на граѓаните и токму затоа и ни ја отфрлија иницијативата за поништување на законот за попис. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку своите 44 пратеници, поддржана од над 100.000 граѓани ќе поднесе пратеничка иницијатива за поништување на законот за попис, изјави Сајкоски.

Додаде дека граѓаните и Република Македонија заслужуваат европски попис како статистичка операција, колку и тоа да и смета на власта.

- Оваа власт чиј носител е СДСМ е на самиот крај и оваа поддршка од над 100.000 граѓани за кус период е само почеток на крајот на оваа Влада.  Уште еднаш, Ви благодариме за поддршката, нагласи Сајкоски

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=OirSBKIcMWU[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk