logo
logo
logo

САД ќе објават имиња на лица од земјава кои ги прекршиле законите

Vecer | 24.01.2023

САД ќе објават имиња на лица од земјава кои ги прекршиле законите

Во САД се разгледуваат соодветни санкции за поединци кои ги прекршиле американски закони и норми. Веројатно во претстојните месеци ќе видиме едно или можеби неколку имиња. Овој одговор го даде амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер на прашање постевно на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC) – Гостивар. Прашањето се однесуваше на објавувањето список на корумпирани функционери во Северна Македонија и на тоа дали некои лица се под истрага на американската влада и институции.
-Нема само еден список. Всушност, има неколку бидејќи американската влада има неколку сектори кои се занимаваат со корупцијата и не е единствен список што доаѓа со многу имиња на него и тука да ја завршиме работата. Бидејќи, корупцијата тука е тековно прашање, не е дека ќе излезе некаков список и работата ќе престане, рече Агелер.
Таа потенцира дека Амбасадата на САД и нејзиниот тим се посотојан конткат со функционери во Вашингтон, со секторот финансии, со Стејт Департментот, со конзуларното биро каде се разгледуваат визни санкции, економски санкции, Советот за национална безбедност.
-Тоа е непрекинат процес при што се разгледуваат соодветни санкции за поединци зависно од тоа каков тип на американски закони и норми прекршиле и САД веќе да не ги прими. Веројатно во претстојните месеци ќе видиме име, можеби неколку имиња, но тие ќе излегуваат и во претстојните месеци и години, онака како што ќе се движат истрагите во Вашингтон, нагласи амбасадорката Агелер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk