logo
logo
logo

САД испрати ТИМ ЗА САНКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА - Ќе се чешлаат и СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ

Vecer | 06.12.2022

САД испрати ТИМ ЗА САНКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА - Ќе се чешлаат и СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ

Од САД во Македонија пристигна тимот за санкции за да изврши увид во бившите и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор, објави американската амбасадорка Анџела Агелер на Твитер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер.

Агелер уште пред официјално да дојде во земјава порача дека фокусот ќе и биде борба против корупцијата, а само во ноември во неколку наврати го повтори истото.

- На младите овде им треба и тие заслужуваат земја во која успехот се заснова на талент и напорна работа, а не на политика или на тоа кого познавате. Корупцијата во која било форма – непотизам, несоодветно политичко влијание, фаворизирање при вработување или потпишување договори итн., ја кочи оваа земја во економскиот, социјалниот, образовниот и структурниот успех што знаеме дека може и треба да продолжи да се постигнува, рече таа пред две недели.

Исто така и во обраќање по повод одбележувањето на 30 годишнината од партнерството на УСАИД-Американска агенција за меѓународен развој со а Македонија во Скопје ја посочи борбата против корупцијата.

– Фокусот денес е на подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија. Намалувањето на корупцијата е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство – порача амбасадорката Агелер.

Воедно Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk