logo
logo
logo

Руски дипломат ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА во Македонија

Vecer | 18.05.2021

Руски дипломат ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА во Македонија

Македонија прогласи руски дипломат за персона нон грата. На 14 мај од МНР го повикале рускиот амбасадор Сергеј Баздикин за да му биде соопштено дека еден од дипломатите во неговата амбасада е прогласен за непожелна личност, објави МКД.мк

Средбата со амбасадорот и соопштувањето на причините биле во согласност со дипломатскиот протокол, а според МКД, „однесувањето на дипломатот не било во согласност со однесување што се очекува од земјата домаќин“.

Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата и соопшти дека согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во  Македонија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk