logo
logo
logo

Родилката тврди дека и биле извадени здрави органи: Лекарите чекаа 5 дена да видат дали ќе умрам!

Vecer | 10.03.2021

Родилката тврди дека и биле извадени здрави органи: Лекарите чекаа 5 дена да видат дали ќе умрам!

Родилката Јилдз Веапоска која по породувањето од страна на директорот на струшката болница остана без три органи, матка, бубрег и јајник, за Телма тврди дека и биле извадени здрави органи повикувајќи се на Извештајот од Институтот за патологија.

Веапоска тврди оти без да бидат прашани таа и нејзиниот сопруг, д-р Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на Патологија.

„Органите се вадени на 31 август, и зошто се пуштени на 4 септември. Што чекале тие толку денови. Се сомневам дека чекале 5 дена да поминат оние критични часови за тоа дали ќе умреш или ќе живееш. Органите се здрави и прави. Нека излезат и нека кажат зошто се извадени тие органи здрави, ако нема лекарска грешка“, вели Веапоска во изјава за Телма.

Директорот на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, д-р Александар Станков вчера во изјава за МКД.мк појасни дека за било која операција при која се извадени органи од човечко тело, тие мора да бидат испратени на патолошко - анатомско иследување за дополнителни испитувања, а за тоа дека дали постои кривично дело Обвинителството, може да утврди по претходно извршено судско-медицинско вештачење врз пациентката.

„Извештајот од Лексарската комора е Извештај од стручен надзор за работата на лекарот, а не за утврдување на кривична одговорност. Дали постои кривично дело ќе утврди Обвинителството по претходно извршено судско-медицинско вештачење од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје. Врз основа на тоа вештачење Обвинителството треба да утврди што точно се случило со пациентката", ни изјави вчера д-р Станков.

Родилката Веапоска која е медицинско лице посведочи дека по излегувањето од болница, од операционата сала останала без органи, за кои што тврдеше дека не знае зошто и биле извадени.

За неколку медиуми оштетената родилка вчера изјави дека е разочарана од ваквиот Извештај и дека бара да и се одговори каде завршиле органите кои и биле извадени по породувањето.

По нејзиното сведоштво веднаш по операцијата и пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во куќата на лекарот Мухамед Асани, инаку член на Лекарската Комора, беше откриена гинеколошка ординација без документација, односно гинеколошка ординација во која четири жени со нотарски изјави тврдеа дека Асани ги прегледувал и им ја следел бременоста изминатите години.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk