Ристовски: Предлагаме измена на член од законот за деблокирање на процесот за избор на ДИК

Заменик-министерот за правда ја образложи потребата за измена на изборниот законик образложувајќи пред пратениците дека се работи за измена на членот 27 со цел да се деблокира процесот за избор на ДИК.

„Определни закони бараат двотретинско мнозинство, како изборот на ДИК. Сепак, ваквото решение не смее да се претвори во спротивност, опозицијата да блокира. Венециската комисија го опфаќа и овој проблем. Владата предлага измени да се избрише двотретинско, и да влезе на сила на денот на објавување во ‘Службен весник’, по скратена постапка“, рече Ристовски.

Опозицијата претходно соопшти дека не се согласува со измените и дека не биле консултирани.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари