Ристиќ: Владата да го врати Груевски зад решетки

Актерката Ирена Ристиќ која денеска беше дел од протестот пред Владата побара од власта да го врати Никола Груевски, како што рече таа, како што ни го вети зад решетки.

„Ве молам да се усеризозите и да си ја бркате работата онака како што ветивте. Вратете го да лежи“, им порача Ристиќ на властите од протестот пред Владата.

Таа, паролата која ја носеше со себе, а на која пишува „Вратете го!“ му ја остави на премиерот Зоран Заев пред портите на Владата, почарувајќи дека тие чекаат Владата да си ги исполни ветувањата.

Простет пред Владата, според најавите ќе има и утре со почеток во 18 часот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари