logo
logo
logo

Ристески: Повеќе од јасно е дека на следните избори победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 04.06.2023

Ристески: Повеќе од јасно е дека на следните избори победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Петар Ристески при  теренски посети ги посети населените места Воѓани, Обршани, Пашино Рувци и Крушеани каде укажа дека многу е јасно што се направи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година за граѓаните на Република Македонија, и што направи СДС откако ја презема власта.

- Секогаш има и од арно поарно,  но еве видовме дека има и од лошо полошо. Овде веќе два мандати во Кривогаштани е СДС, па може да се направи разлика што се правело претходно, што се прави сега, во државата што се направи до 2016-2017 година, што се прави сега. Корупцијата на кое место сме биле тогаш 64, сега сме на на 111. Се кради од кај што ќе се стаса, рече тој.

Ристески посочи дека многу е јасно, а и сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните избори кога и да се одржат.

- На овие избори наредни кога и да бидат, најкасно кажав напролет наредна година, можно е и на есен  победник е ВМРО-ДПМНЕ. Сите анкети тоа го кажуваат и тоа е завршена работа, вели тој.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk