logo
logo
logo

Рисови има и надвор од Маврово, обележан првиот мажјак во резерватот „Јасен“

Vecer | 01.03.2021

Рисови има и надвор од Маврово, обележан првиот мажјак во резерватот „Јасен“

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со вработените од резерватот „Јасен“ на крајот на февруари со ГПС околувратник успешно обележале млад мажјак од загрозениот вид балкански рис.

„За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време, но досега немавме среќа да поставиме ГПС околувратник на рис. Ова е првиот рис што ќе го следиме надвор од Маврово и околината, како подрачје каде што досега имаме потврда дека се размножува рисот. Се надеваме дека оваа единка ќе ни даде интересни информации за неговото хранење и движење во Јасен“, изјави Диме Меловски од МЕД.

Тој додава дека рисот бил обележан од страна на тројца членови на тимот на МЕД со поддршка на еден ловочувар од „Јасен“ и двајца стажанти од Германија и Франција.

Обележувањето на овој рис е дел од сесија за поставување на фотозамки која покажала и присуство на уште една единка на рис како и присуство на лисици, куни, јазовци, елени, срни, диви кози, диви мачки, волци и мечки.

Активностите за воспоставување на мониторинг на рисот во „Јасен“ се спроведуваат во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ во соработка со тимот на заштитеното подрачје, којшто е финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од УНДП со поддршка на Министерството за животна средина.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk