logo
logo
logo

Решен е проблемот со апликацијата - Еве колку македонски иселеници се попишале досега!

Vecer | 08.03.2021

Решен е проблемот со апликацијата - Еве колку македонски иселеници се попишале досега!

Преку апликацијата за самопопишување заклучно до денеска се евидентирале вкупно 40397 лица кои се во странство, информираат од Државниот завод за статистика.

Евидентирањето на иселениците преку апликацијата почна на 1 март и ќе трае до 21 април.

Од Државниот завод за статистика наведуват и дека проблемот со ненавременото добивање повратна порака за влез во апликацијата е надминат.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот. Пописот на останатото население, со физичка посета на домовите на граѓаните, ќе почне на први април.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk