logo
logo
logo

Ректорот Јанкуловски: По кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование?

Vecer | 15.05.2021

Ректорот Јанкуловски: По кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование?


Како ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените заради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто, вели во писменото соопштение, ректорот Никола Јанкуловски.

Тој потсетува дека пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обратил до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот.

„До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип. Ја поздравувам имунизацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но истовремено тоа го сфаќам како дискриминација, бидејќи не добивме никаков распоред за имунизација на универзитетите што укажува дека имунизацијата се одвива без да се води сметка и за другите универзитети. Ова од причини што очекував дека штом вработените на еден универзитет се вакцинирале, дека надлежните ќе имаат распоред и за другите универзитети и дека за распоредот ќе бидеме известени, но за жал изгледа такво нешто не постои“, пишува во соопштението, ректорот на УКИМ-Никола Јанкуловски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk