Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1684 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 112 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 86 пациенти.
На  инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 96 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 138 во ковид центарот во Гостивар 43, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 32 во Кичево 28, Кавадарци 79, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 103 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.