logo
logo
logo

РЕКОРДНИ 687 санкции за брзо возење за само еден ден

Vecer | 30.05.2021

РЕКОРДНИ 687 санкции за брзо возење за само еден ден

Во текот на вчерашниот ден (29.05.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 687 возачи.

Од нив, 124 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово-114, а потоа на територија на СВР Куманово -101, на територија на СВР Штип-98…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk