logo
logo
logo

РЕКОРДЕН број на ХОСПИТАЛИЗИРАНИ во Велешката болница, пациенти е примаат и на физикалното одделение

Vecer | 08.04.2021

РЕКОРДЕН број на ХОСПИТАЛИЗИРАНИ во Велешката болница, пациенти е примаат и на физикалното одделение

Во  велешката Општа болница се хоспитализирани 100 пациенти  што е најмногу од почетокот на пандемијата до денеска. Педесет и пет се на кислородна поддршка, што е исто така најголема бројка досега.

Портпаролката на велешката болница д-р Елеонора Јованова вели дека за жал  бројот на пациенти со тешка клиничка слика на Ковид и на кислородна поддршка постојано расте.

Во изминатите 24 часа повторно се сместени ковид-пациент на Физикално одделение, а  кое од вчера повторно е ковид-сместувачко одделение и таму сега има четири пациенти. На Инфективно има 46, во Модуларната болница 41 и на Интерно Б крак се седум пациенти.

Починати се четири пациенти, испишани  се три пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk