logo
logo
logo

РЕКОРДЕН БРОЈ КАЗНИ: За ТРИ часа санкционирани 210 возачи за брзо возење

Vecer | 03.08.2021

РЕКОРДЕН БРОЈ КАЗНИ: За ТРИ часа санкционирани 210 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи санкционира 210 возачи за возење со брзина поголема од дозволената во акциска контрола на територијата на државата споведена изутрината од 05.00 до 08.00 часот.

Како што информираат од МВР,  од санкционираните 210,  24 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk