logo
logo
logo

Реконструирани детските игралишта во општина Илинден

Vecer | 07.07.2022

Реконструирани детските игралишта во општина Илинден

Општина Илинден изврши реконструкција на реквизитите на неколку детски игралишта во населените места Ајватовци и Бунарџик. На детското игралиште во Ајватовци реконструирани се две лулашки и нишалка и во населеното место Бунарџик исто така реконструирани се две лулашки и нишалка. Во Бунарџик кај Домот на културата извршена е реконструкција и на четири клупи. Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките детски игралишта во сите населени места, со цел децата од општина Илинден да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат и забавуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk