logo
logo
logo

„Рекет“ пред Апелација, Катица ја нема!

Vecer | 10.05.2021

„Рекет“ пред Апелација, Катица ја нема!

Започна постапката пред Апелација за случајот „Рекет“, но без поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Таа денеска не дојде на јавната седница во Апелациониот суд за да ја презентира жалбата на пресудата со која беше осудена на казна затвор од 7 години.

Пред почетокот на судењето, судечкиот совет наведе дека поради здравствени причини таа не е во можност да присуствува на јавната седница.

Присутни се само нејзините адвокати:  Дељо Кадиев, Ирена Фрчковска,а дел од адвокатскиот тим е и синот на Јанева, Лазе Јанев.

Пред судечкиот совет во апелација, својата жалба денеска ќе ја образложи и Бојан Јовановски кој е осуден на затвор од 9 години.

По разгледување на жалбит на осудените Јанева и Јовановски, Апелациониот суд може да ги потврди или намали казните, или предметот да го врати на повторно судење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk