logo
logo
logo

Референдумско изјаснување за Законот за дигитални учебници

Vecer | 17.05.2021

Референдумско изјаснување за Законот за дигитални учебници

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска до Собранието достави предлог за покренување на граѓанска иницијатива за распишување на референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за нацрт-законот за учебници и наставните материјали за основно и средно образование.

Досега за овој предлог во Скопје собрале околу 600 потписи, но потребни се 10.000 за распишување референдум. Според Драгана Спасевска, претставничка на иницијативата, тие имале голема поддршка и од останатите градови.

-Очекуваме одговор во рок од три дена од претседателот на Собранието. Ако го немаме, во спротивно сметаме дека предлогот ќе биде уреден и согласно Уставот и Законите почнуваме со собирање на 10.000 потписи за Граѓанската иницијатива, вели претставничката Драгана Спасевска

Од Кабинетот на претседателот Џафери не добивме одговор дали ќе биде прифатен предлогот за распишување на референдум.

„Очекуваме работна средба на актуелната тема со претседателот на Собранието и неговите советници за образование. Доколку не бидеме соодветно примени на работната средба продолжуваме со мирни протести и мирни маршови низ сите градови во државата“, рече Спасевска.

Викендов иницијативата организираше протести во повеќе градови низ државата против новиот закон и најавената дигитализација на учебниците. На ова претходеше и бојкот на наставата во неколку училишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk