Референдумот е од клучно историско значење за Македонија, Словенија дава целосна поддршка

Министерот во Владата задолжен за дијаспора, Едмонд  Адеми во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, денеска имаа средба со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и со Претседателот на националното собрание на  Словенија,  Дејан  Жидан.

На средбите како што информираат од Владата се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, натамошниот развој на односите  во повеќето области  од взаемен интерес, интеграциските процеси  на Република Македонија во ЕУ и НАТО како и актуелните политички состојби во земјават и тоа со посебен нагласок за договорот меѓу Македонија и Грција и одржувањето на референдумот.

Двајцата соговорници, велат од Владата, дале силна поддршка на Република Македонија во процесот на евро-атлантските процеси, констатирајќи дека Словенија на сите средби со претставниците на Европската унија, ја поддржува Македонија во патот кон ЕУ и НАТО.

Пахор и Жидан исто така за време на средбите укажале и на одредени предизвици со кои што Македонија ќе се соочи на патот кон интегративните процеси, со кои претходно и Република Словенија била соочена, но и се сложиле со тоа дека идното  членството на земјава во ЕУ и НАТО, претставува историска придобивка, но и голема обврска во наредниот период.

Разговорот на министерот Адеми со двајцата највисоки претставници од Република Словнија, додаваат од Владата, завршил со еден заеднички заклучок, дека референдумот е од клучно историски значење за РМ во патот кон ЕУ и НАТО и друго повторување нема да има и истиот треба да се поддржи и од опозицијата и позицијата и граѓаните на РМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари