logo
logo
logo

РЕДИЦИ НА ТАБАНОВЦЕ: Македонските граѓани НАВАЛИЈА ПО ВАКЦИНИ ВО СРБИЈА (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 18.06.2021

РЕДИЦИ НА ТАБАНОВЦЕ: Македонските граѓани НАВАЛИЈА ПО ВАКЦИНИ ВО СРБИЈА (ФОТО+ВИДЕО)

Македонските граѓани и овој продолжен викенд го користат за вакцинација во соседна Србија. Уште од раните утрински часови имаше редици од возила на граничниот премин Табановце кои се упатуваат кон Врање и Ниш со цел имунизација против корона вирусот.

Откако српската влада дозволи вакцинација за жителите на Македонија без закажување ваквите слики се честа појава бидејќи земјава има недостиг на вакцини. И додека Македонија ги очекува 500.000 вакцини, или тие 2 милиони, граѓаните чарето си го бараат во Србија, каде што дури имаат можност и да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат.

Според изјавите на тие кои се вакцинирале во Ниш и Врање, најчестиот избор е Фајзер, не само поради високата ефикасност, туку и поради можноста за патување бидејќи оваа вакцина е призната во Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk