logo
logo
logo

РЕДАРИ ПРЕД ЦРКВИТЕ И ЏАМИИТЕ бара Филипче за празниците

Vecer | 28.04.2021

РЕДАРИ ПРЕД ЦРКВИТЕ И ЏАМИИТЕ бара Филипче за празниците

Во пресрет на Велигден и Рамазан Барјам, мкинистерот за здравство Венко Филипче побара да имало редари пред црквите и џамиите. Откако се отворија летните тераси на угостителските објекти, сега редот ќе се спроведува во црквите и џамиите.

Според Филипче тоа било договорено на последната средба, а редарите ќе треба да се задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржуваат надвор.

По приемот на норвешката донација од 100 механички респиратори, Филипче соопшти дека кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок, зашто веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул.

Ситуацијата со КОВИД будно се следи, повтори министерот, и не се очекува зголемување на бројките.

-Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде приситокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај во почетокот на април. На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува, истакна Филипче.

Според него, не е проблем излегувањето на граѓаните надвор особено сега кога времето е веќе топло и тоа го дозволува, но мерките мора да се почитуваат.

-Граѓаните мора да знаат дека имаат индивидуална одговорност и дека мора да ги почитуваат мерките, истакна Филипче.

Во однос на вакцините, за помош од Србија дополнително не е разговарано. Се очекува инситутот „Торлак“ да информира кога ќе ги добијат последните сертификати од контролните лаборатории во Русија.

-Тоа што ние очекуваме да стигне во следниот период се кинеските вакцини и тоа во петок најверојатно рано наутро од Белград. Веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул. Потоа, меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „фајзер“ секој следен понеделник во мај, близу 26.000 и очекуваме информација од ковакс-системот, рече Филипче.

Околу 150.000 граѓани се во моментов пријавени за вакцинирање, а со секоја најава за нова пратка вакцини, има и дополнителни пријави од граѓани. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk