logo
logo
logo

Речиси 5.000 починати од корона досега - ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 05.05.2021

Речиси 5.000 починати од корона досега - ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Намален е бројот на навозаболени, хоспитализирани и починати.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5 отсто), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6 отсто до 17,7 отсто, просечно 13,1 отсто со намалување за 4,9 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=349; 16,8 отсто), од 40 до 49 години (n=333; 16 отсто), од 30 до 39 години (n=323; 15,6 отсто) и од 20 до 29 години (n=172; 8,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=33; 1,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=85; 4,1 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5 отсто споредено со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, што е за 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице од возрасните групи од 30 до 39 години и од 40 до 49 години.

Според последните податоци, во земјава се активни 13169 случаи на заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 152814 заразени со Ковид-19, оздравеа 134653, а починаа 4992 лица.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 67516, активни 6124

Куманово 8572, активни 968

Прилеп 8191, активни 586

Тетово 7125, активни 521

Битола 6170, активни 829

Велес 5411, активни 457

Гостивар 5124, активни 327

Кавадарци 5121, активни 313

Охрид 4922, активни 444

Штип 4903, активни 312

Струмица 4021, активни 319

Струга 2946, активни 155

Кочани 2728, активни 169

Кичево 2478, активни 246

Гевгелија 2178, активни 206

Неготино 2159, активни 169

Свети Николе 1494, активни 101

Ресен 1210, активни 187

Крива Паланка 1208, активни 48

Радовиш 1091, активни 91

Берово 1015, активни 31

Делчево 952, активни 76

Дебар 931, активни 32

Виница 825, активни 117

Пробиштип 773, активни 20

Валандово 660, активни 30

Богданци 491, активни 55

Крушево 481, активни 95

Демир Капија 394, активни 20

Демир Хисар 388, активни 66

Македонски Брод 355, активни 17

Кратово 354, активни 5

Пехчево 262, активни 15

Македонска Каменица 233, активни 13

Дојран 132, активни 5

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk