• Директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори
  • За в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ

Министерството за култура информира дека поради неправилности во работењето разрешен е директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски.

Според министерството неправилностите биле утврдени по вонреден инспекциски надзор од Министерството за култура во НУ Театар Комедија.

– При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура. До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот, соопштија од министерството за култура