logo
logo
logo

Академик Ќулавкова

„Разнебитена по пат на ултиматуми и заплашување со војна, со нелегитимни политички договори“

Vecer | 01.07.2022

„Разнебитена по пат на ултиматуми и заплашување со војна, со нелегитимни политички договори“

Има ли поголемо зло од тоа, во име на празни ветувања и „коцкарска“ надеж дека ќе добиеш премија, да си ги заложиш домот, семејството, народот, наследството, имотот, иднината?   Има ли поголема историска грешка од тоа, од готовото да направиш вересија, од Нешто да направиш Ништо? – пишува Академик Катица Ќулавкова.

Таа прашува има ли понеморална и понесовесна работа од тоа – светото да го профанизираш, државата да ја обезличиш, луѓето да ги трауматизираш, народот да го стигматизираш?

- Има ли побрутален чин од репресијата врз сопствениот народ? Има ли потрагично предавство од предавството на сопствениот национален интерес? Предавството никогаш никому не донело никакво Добро. Предавството разнебитува. „Болест на смрт“. Македонија е на прагот на целосна разнебитеност, потенцира Ќулавкова.

- Разнебитена тивко, по пат на ултиматуми и заплашување со војна, по пат на нелегитимни политички договори, референдумски и други фалсификати, со помош на ревизии на историската и современата стварност, незапамтен криминал, стимулирани миграции, етнички фрагментации, позитивни дискриминации, фејк информации, медиумски манипулации, распад на системот на традиционални вредности, губење на пријателите… Каде брзате? – прашува таа.

Додава дека  само во пропаст се брза неразумно!

- Вратете го разумот на историската и политичката сцена! Барем една научна експертиза дајте да се направи пред да донесете политичка одлука! Оти, да не се лажеме: – Ако стратешкиот интерес е спротивен на националниот, тогаш тој не е наш, туку туѓ стратешки интерес! – Сѐ што е напишано, еден ден ќе биде прочитано. – Сѐ што е потпишано со измама од поединци, еден ден ќе биде отпишано од народот, истакнува Ќулавкова.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk