logo
logo
logo

Забрзано расте бројот на заразени - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА СЕКОЈ ГРАД

Vecer | 19.03.2021

Забрзано расте бројот на заразени - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА СЕКОЈ ГРАД

Бидејќи растат бројките на новозаразени, а болниците се полнат,  власта не ја исклучува можноста за карантин. Според министерот Филипче тоа и го најавиле пред два дена, дека постои таква опција.

-Сметаме дека младите луѓе, и тоа го гледаме од епидемиолошките слики, кои што продолжуваат со комуникација без почитување на превентивните мерки по затворање на угостителските објекти се еден голем трансмитер на вирусот, изјави Филипче.

Лекарската комора ја повика Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето дополнителни рестриктивни мерки и протоколи, бидејќи, како што наведе во соопштението, се наоѓаме во исклучително сериозна состојба, од која може да излеземе само ако сите почнеме одговорно да се однесуваме и да ги почитуваме мерките за заштита.

Тие како здравствени професионалци признаваат дека овие мерки се крајно непопуларни, но сметаат дека во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје повеќе од потребно е нивно воведување.

Од Лекарската комора ги повикуваат сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на Ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем.

Согласно вчерашните податоци, на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови во земјава се лекуваат 1193 пациенти со Ковид-19 и во ковид- центрите има околу 290 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 71 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Министерството за здравство, исто така соопшти дека се зголемува капацитетот за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „8 Септември”. Пуштен е во употреба дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со 25 болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.

Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптоварени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека четврти месец откако во сите држави во светот се одвива вакцинација против корона, министерот Филипче се уште не знае кога ќе стигнат вакцини во земјава. Оттаму наведуваат дека додека сите земји вакцинираат против корона уште од декември минатата година или почетокот на оваа година во јануари, во С Македонија има незначителни дози на вакцини.

Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 51714, активни 6943

Прилеп 6334, активни 944

Куманово 6101, активни 479

Тетово 5903, активни 433

Гостивар 4151, активни 347

Кавадарци 3990, активни 665

Штип 3906, активни 249

Велес 3888, активни 411

Битола 3852, активни 413

Охрид 3685, активни 518

Струмица 2984, активни 254

Струга 2545, активни 176

Кочани 2046, активни 198

Кичево 1849, активни 68

Неготино 1677, активни 421

Гевгелија 1552, активни 320

Свети Николе 1164, активни 51

Крива Паланка 993, активни 140

Ресен 911, активни 112

Дебар 809, активни 15

Радовиш 809, активни 65

Делчево 787, активни 65

Берово 735, активни 84

Пробиштип 618, активни 65

Виница 548, активни 26

Валандово 444, активни 72

Крушево 396, активни 127

Богданци 354, активни 67

Кратово 306, активни 25

Демир Хисар 306, активни 41

Демир Капија 315, активни 77

Македонски Брод 263, активни 11

Пехчево 205, активни 17

Македонска Каменица 195, активни 3

Дојран 103, активни 7

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk