logo
logo
logo

Расте бројот на заразени со Ковид во Кичево

Vecer | 17.01.2022

Расте бројот на заразени со Ковид во Кичево

По неколку месеци стагнација, во Кичево бројот на новозаболени од Ковид 19 повторно почна да расте. Според Станко Трпески, директор на Општа болница Кичево, овие бројки претставуваат основен индикатор дека непридржувањето кон пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19, има негативно влијание врз бројот на новозаболени.

Трпески апелира граѓаните за време на празниците да не ги полнат локалите и домовите, бидејќи како што вели, новиот мутиран вирус на Ковид-19, Омикрон, е лесно пренослив и може за многу кусо време да се заболат поголем број на лица.

-Токму поради овој факт деновиве имаме зголемување на бројот на новозаболени, со тенденција нивниот број да биде уште поголем, бидејќи имаме огромен притисок на пациенти со симптоми на Ковид-19.  Има и такви кои чувствувајќи поблаги симптоми на почетокот на болеста не се јавуваат на лекар и, кога состојбата ќе им се искомпликува панично се обраќаат за да се најде лек за нивната болест, тој.

Информира дека во текот на денешниот ден во ковид центарот се згрижени осум пациенти од кои половината се на кислородна подршка, додека еден пациент е во исклучително тешка и живото загрозувачка состојба.

Трпески потсети дека од почетокот на пандемијата досега во Кичево се имаат заболено 4 602 лица, додека бројот на активни случаи денеска изнесува 237 и предупреди дека доколку продолжи овој тренд на новозаболени се очекува бројот на активни случаи забрзано да порасне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk