logo
logo
logo

Расте бројот на активни и хоспитализирани - ДЕТАЛИ ПО ГРАДОВИ

Vecer | 13.03.2021

Расте бројот на активни и хоспитализирани - ДЕТАЛИ ПО ГРАДОВИ

Расте бројот на активни случаи на корона вирусот, но и бројот на хоспитализирани во Македонија. Вкупната бројка на позитивни на корона вирусот во Македонија надмина 111.000. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 868 нови случаи, 355 оздравени и 15 починати лица.

Како што информираа од министерството за здравсттво во ковид-центрите на вкупно се лекуваат 937 пациенти со Ковид-19, при што слободни се само 260 болнички кревети.

Со вчера регистрираните новозаболени, бројката на активни случаи во земјава достигна 10.872. Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата достигна 111.077, на оздравени пациенти 96.925, а на починати 3.280.

Министерството за здравство посочи дека бројот на приеми во ковид-центрите во изминативе денови е зголемен, поради што е отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 46 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 64 пациенти, во Прилеп 77, во ковид центарот во Гостивар 21, а во Струга 17 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 424, активни 5258

Прилеп 72, активни 792

Куманово 42, активни 418

Тетово 28, активни 322

Гостивар 15, активни 251

Штип 14, активни 163

Кавадарци 27, активни 597

Велес 21, активни 295

Битола 34, активни 273

Охрид 31, активни 465

Струмица 9, активни 195

Струга 10, активни 171

Кочани 15, активни 137

Кичево 5, активни 51

Неготино 26, активни 392

Гевгелија 20, активни 302

Свети Николе 1, активни 33

Крива Паланка 11, активни 140

Ресен 5, активни 76

Дебар, активни 16

Радовиш 2, активни 30

Делчево 1, активни 48

Берово 10, активни 50

Пробиштип 3, активни 35

Виница, активни 23

Валандово 8, активни 32

Крушево 11, активни 105

Богданци 6, активни 70

Кратово 1, активни 25

Демир Хисар 3, активни 38

Демир Капија 8, активни 46

Македонски Брод 2, активни 8

Македонска Каменица, активни 2

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk