Презакажана е расправата за предметот „Тендери“.

Истата требаше да се одржи денеска но поради изолација на еден од обвинетите расправата за предметот „Тендери“ се одложува за 12 месецов, информираат од Кривичниот суд.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за денеска се одлага заради изолација по добиен позитивен Ковид – тест на еден од обвинетите. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 12.04.2021 година за што веќе се известени странките во постапката, а за евентуални нови промени јавноста ќе биде благовремено информирана“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

makfax.com.mk