logo
logo
logo

Обезбедувачот на екс генсекот

„Рашковски МИ ДАВАШЕ КЕШ ДА МУ ПЛАЌАМ кредити, школарини, осигурување“

Vecer | 29.11.2022

„Рашковски МИ ДАВАШЕ КЕШ ДА МУ ПЛАЌАМ кредити, школарини, осигурување“

Мухамет Халим, обезбедување на Драги Рашковски, на сведочењето за „Софтвери“ рече дека покрај тоа што му купувал доручек, добивал и кеш пари со кои плаќал школарини, осигурување, кредити за семејството на Рашковски.

Обвинетиот кажа дека ќе го докаже потеклото на средствата, а посочи дека станува збор за 600.000 денари. Потврди и дека тој му ги давал на Халим.

„Обврските секогаш се темелеа во склоп на работата. Од да се купи доручек, да се види возилото, каде ќе треба да се отиде, тековни работи каде обврските потекнуваат зависно од денот. Од купување грицки чоколади, до да се плати нешто, некоја сметка“, раскажа Халим, сведок на обвинителката Ивана Трајчева во процесот, објави А1.он.

Според него, имало и ситуација каде уплаќал и 300.000 денари, кои ги добил во кеш од Рашковски. Во банка му кажале дека не може да изврши готовинска уплата на толкава сума, па ги ставил кај него на сметка, за потоа да изврши плаќање за шефот.

„Уплатите беа за Рашковски, за неговата школарина, за школарина за неговото дете и за осигурување на неговото потесно семејство – сопругата и децата. Овие упати ги вршев откако ќе добиев обврска, ќе ми беше пишано што треба да се направи и ќе појдев во банка да ги уплатам средствата, рече тој.

Рече дека Рашковски му ги давал парите секогаш спремно што треба да се направи.

Според него Уплатите ги вршев во Тутунска банка. Уплатите ги вршев во готово, со тоа што

„Мислам дека само еднашка има пополнето уплатница Елена Паговска, мислам дека работеше во финансии, компетентна за тоа, бидејќи јас не знаев како тоа треба да изгледа. Кога ги уплатив 300.000 денари, ми недостасуваа 3.000 денари. Го известив Рашковски, наредниот ден ми даде пари и ги уплатив и тие 3.000 денари, изјави тој.

На крајот од судењето, Рашковски сакаше да ја докажува блискоста меѓу него и Халил, бидејќи обезбедувачот кажа дека тие имале само професионален однос односно се гледале на блиц.

„Тој ми беше шофер на свадба“, кажа Рашковски, на што судијка кажа дека е неважно за судската постапка каде му се суди за тендери и хонорари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk