logo
logo
logo

Рашковски купил УШТЕ ЕДЕН СВОЈ ПАТЕНТ КОЈ НЕ СЕ КОРИСТИ?! Кабина за гласање за 105.000 евра

Vecer | 24.05.2021

Рашковски купил УШТЕ ЕДЕН СВОЈ ПАТЕНТ КОЈ НЕ СЕ КОРИСТИ?! Кабина за гласање за 105.000 евра

Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски купил уште еден свој патент кој не се користи. Според емисијата „360 Степени“ станува збир за  некакви кабини за гласање за избори за кои досега никој не слушнал ниту пак се користеле за таква намена.

Според „360 Степени“ овој патент на Рашковски, кабина за гласање чинел 105 илјади евра.

Рашковски се наоѓа во притвор за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци од страна на Генералниот секретаријат на Владата во времето кога тој бил генерален секретар.

Откако изби овој скандал  медиумите објавијаи други скандали меѓу кои  набавка на софтвер за систем за координација во планирањето и спроведувањето на политиката за рамномерен развој од 2019 година во вредност од  38,8 милиони денари кој две години не даден на користење, како и дека склучил и тригодишен договор за софтверски лиценци од дури милијарда денари.

Воедно беше објавено и дека при претсрес на неговиот кабинет на Правен факултет е откриен  хостингот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.  Претресот во неговиот кабинет на Правниот факултет  покажал дека кај него се наоѓале софтверот и прашањата на кандидатите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk