logo
logo
logo

Рашковски ќе градат ХАЦИЕНДА НА 800 М2 со базен и теретана, објави Алсат (ВИДЕО)

Vecer | 13.04.2021

Рашковски ќе градат ХАЦИЕНДА НА 800 М2 со базен и теретана, објави Алсат (ВИДЕО)

Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски ќе гради луксузна хациенда во викенд населбата Побожје на падините на планината Скопска Црна Гора, објави Алсат М.

Според телевизијата инвеститори на супер-комотната куќа се неговите две малолетни деца.

Плацот е веќе израмнет и тоа на површина од неколку илјади квадрати. На терен има и два багера.

На плацот, според имотниот лист, постоеше викенд куќа од околу 60 – на метри квадратни. Сега просторот е порамнет. Според нашите информации и проектот кој треба да се изгради тука, станува збор за куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина, велат од Алсат.

Се додава дека тука се планира голем градежен зафат во кој имале увид  и предвидува објект за домување, базен, теретана, соба за билјард и разни други погодности.

https://youtu.be/xideOB6hBgo

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk