logo
logo
logo

Ранетиот полицаец од ПУКАЊЕТО ВО ЃОРЧЕ е син на поранешен верски лидер во Македонија

Vecer | 01.03.2021

Ранетиот полицаец од ПУКАЊЕТО ВО ЃОРЧЕ е син на поранешен верски лидер во Македонија

Во скопската општина Ѓорче Петров попладнево се случи вооружен инцидент. Имено, како што дознава КУРИР, денес пукано е во полициски службеник.

Како што неофицијално дознава КУРИР, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија. Според наши информации, станува збор за Зекљуљ Реџепи.

КУРИР побара одговор од МВР, од каде добивме детали за инцидентот.

Околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р, дознава КУРИР од МВР.

Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.

Извор: Курир.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk