Државен просветен инспекторат откри

Рамиз Мерко и неговите професори работат без дипломи на Универзитетот во Струга

Државниот просветен инспекторат изврши инспекциски надзор на Меѓународниот универзитет во Струга. По разгледувањето на документацијата и разговорите со одговорите лица на Универзитетот констатирани се непроавилности, објави Сител.
Кај Ружди Маточи кој е избран во наставно научно звање -доцент од областа на Економските науки се констатира дека нема диплома за трет циклус на студии.
Коснтатирано е дека и професорот Мерсим Максути кој е избран во наставно научно звање од областа на Уставното право исто така нема нострифицирано диплома за трет степен на сутидии.
Државниот просветен инспеторат констатирал дека Беса Кадриу која е избрана во наставно научно звање доцент од областа на Правните науки статусот на доцент и е во мирување и нема диплома. Вработена е како нотар.
За Александар Биберај – кој е ректор има диплома за д-р по економски науки од Албанија но и според инспеторатот истата не е нострифицирана во земјава.
За Сопственикот Рамиз Мерко инспекторатот утврдил дрека исто така нема доплома за завршен трет циклус на студии и доказ за нострификација на дипломата што е спротивно на член 125 став 2 од ЗВО во делот на избор на знаење доцент како и по член 158 и 159 од ЗВО . Доцент Рамиз Мерко нема нострифицирана диплома, а докторирал во Нови Пазар во 2012 година . Без основа бил член комисија за магистратура . Според инспекторатот сето тоа треба да с епоништи .

Али Муслиу е избран за наставно научно звање доцент од областа на правните науки. При прегледот на документацијата од инспеткоратот се констатира дека недостасува реферат извештај од рецензионата комисија и извод од Билтен во кој во кој е објавен рефератот. Тоа е спротивно на член 132 од законот за високо образование . Во доставените одлуки од страна на Универизитетотза избор во наставно научно звање немало одлука за избор на Али Муслиу и истито не бил на списокот на вработени, објави Сител.
Од страна на Државниот просветен инспеторат на деновите на увидот е побаран список на вработени наставно научни и соработнички звања и истите не се добиени .
И.Ч.

Поврзани

Најнови вести

Коментари