logo
logo
logo

Рама: Пред да ми падне косата, МИ БЕШЕ КАЖАНО ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ ВО ЕУ, НА ДИМИТАР МУ ПАДНА КОСАТА

Vecer | 31.05.2023

Рама: Пред да ми падне косата, МИ БЕШЕ КАЖАНО ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ ВО ЕУ, НА ДИМИТАР МУ ПАДНА КОСАТА

Не ме интересира опсесијата сега да бидеме дел од ЕУ. Но, да работиме заедно. Не е работата да ни издадат возачка без да знаеме да возиме автомобил – рече албанскиот премиер Еди Рама на Форумот во Братислава.

Тој прашува како Европската Унија ќе се занимава со Западен Балкан ќе се решава во Брисел.

Таму ќе бидат строги за исполнувањето на критериумите на секоја земја, но Унијата како заедница треба да направи нешто малку поразлично во однос на интеграцијата на регионот,  изјави тој.

Во контекст на ставот дека Европејците треба да бидат реални, отворени и искрени, тој потсети на ветувањата од Солунскиот самит на ЕУ пред 20 години.

– Во Солун беше кажано дека ќе бидеме дел од ЕУ уште пред да ми падне косата. На Димитар му падна косата. Сега сме ние двајца ќелави мажи затоа што веруваме дека ќе бидеме членки брзо – изјави Рама на заедничкиот панел со Ковачевски на кој беа најавени како „важни играчи на Западен Балкан.

-Еди е најголемиот провокатор меѓу Социјалдемократите, „реплицираше“ Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk