logo
logo
logo

Рама: Се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија

Vecer | 23.06.2021

Рама: Се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија

Сега одеднаш се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија, затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате, вели  албанскиот претседател Еди Рама, за време на средбата со премиерот Зоран Заев.

Според  Рама  неуспехот да се донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија е неуспех на ЕУ и дека сите имаат право да се чувствуваат фрустрирани.

Заев на средбата изјави дека Европа има проблем, а проблемот е самата ЕУ.

- Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблемот. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ, рече Заев

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk