logo
logo
logo

Ралковски: Работничките права се на најниско ниво од независноста на државата

Vecer | 14.04.2021

Ралковски: Работничките права се на најниско ниво од независноста на државата

Многу пати во јавноста искажавме до сега дека работничките права се на најниско ниво од независноста на оваа држава. Значи зборуваме за минимална плата, минимална плата нема, 2 проценти инфлација во март, 1.7 проценти покачување на минимална плата. Зборуваме за неработна недела, зборуваме за боледување од КОВИД 19 кое треба да се исплаќа 100 проценти, но владата наместо да ги спроведува законите, носи одредени заклучоци. Кога КСС ќе го подигне својот глас низ институциите на својот глас, тогаш доаѓа до пресметка со синдикалните лидери и со синдикалните организации.

Затоа ние викаме доста е и стоп за прогонот на синдикалните лидери, на синдикалното организирање, затоа што во овие години се претера со таквите дејанија од страна на именувани лица или на лица кои се на функција на оваа власт, вели Благоја Ралковски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати во изјава за Утрински брифинг на Слободен печат.

Ралковски вели дека имаат дијалог со владата, но тој дијалог како што нагласи тој е на најниско ниво од кога постои економско социјалниот совет.

„Да ние имаме дијалог, но тој дијалог е на најниско ниво од кога постои Економско социјалниот совет. Можам да кажам дека социјалното партнерство и социјалниот дијалог се само формални и се прават ете од формални причини колку да се каже дека нешто се разговара. Кога ние ќе влеземе во некоја институција или кога разговараме со претпоставените, тоа се слуша, но кога ќе излеземе надвор се продолжува со таквите дејствија. Тоа само по себе кажува дека е големо самоволие, дека не се почитуваат законите и се продолжува со ете малтретирање на синдикалните лидери, со растурање на синдикалните организации, со непочитување на слободата на здружување и конвенциите на меѓународната организација на трудот, со непочитување на законите од делот на трудовото право итн, вели тој.

На прашањето кои сектори се најзагрозени Ралковски рече дека сите работници се доведени во една тешка ситуација како и дека сите сектори се загрозени како од јавниот така и приватниот сектор

„Не можеме ништо да издвоиме, затоа што во овој период се сите сектори загрозени и од јавниот  и приватниот сектор. Збориме за минималната плата дека ја покачуваме, пред некој ден министерот за администрација излезе и кажа дека има 120.000 работници што земаат плата од буџет, 48 проценти се со средно образование тие земаат минимална плата сега во овој момент. Може да кажеме дека голем број на работници го изгубија своето работно место, кои што немаат никакви примања, можеме да кажеме за работници каде што иако газдите добија помош од државата, не исплатија или исплатија помалку како што знаеме, а нема слух од институциите да се поведе постапки против нив, рече Ралковски.

Ралковски нагласи дека  доколку нема никаков фидбек од утрешниот протест, тие ќе продолжат понатаму со многу порадикални мерки.

„Протестот на КСС ќе започне утре во 16 часот од булевар Гоце Делчев спроти Македонска телевизија, ќе се движи лево кон Црвен Крст до Собранието на Република Македонија од причина што законодавниот дом е тој што ги носи законите и ја избира оваа влада, сакаме да се обратиме и до нив да излезат надвор и да видат што се случува со работниците и завршуваме преку министерството за правда доаѓаме до пред Владата, затоа што социјалниот дијалог на маса не може да вроди плод, па еве ние ќе дојдеме да им кажеме дека постоиме, дека не можат да не уништат, дека треба да се откажат од таквите намери секојдневно да се деградираат синдикалните лидери и членови на синдикатот, нагласи Ралковски.

„Јас како претседател  на КСС добив отказ дека не сум бил на работа три дена сум имал синдикални активности. Го добив тој мој случај, на прво степен, втор степен, на Врховен суд, но повторно добив отказ од иста причина. Имаме примери каде што министерот Спасовски од негови лични причини престана да ја одбива членарината на нашиот синдикат во полицијата, имаме примери каде судска пресуда во АД ЕЛЕМ директорот на АД ЕЛЕМ не сака да ја спроведе таа судска пресуда каде што кажува дека сите членови како што биле административно земени така треба административно да бидат вратени. Имаме примери каде што претседателот на затворите во Македонија беше преместен од затвор Шутка во затвор Идризово иако тоа е спротивно на законот за спроведување на санкции, само затоа што застана позади колегите кои што беа на дисциплинска постапка и добија отказ итн. Иамме безброј примери кои што можеме да ги наведуваме, посочи Ралковски и додаде дека на утрешниот протест ќе се обратат овие лица и јавноста ќе слушне што се случува со слободата на синдикалното организирање и како се обидуваат да го задушат синдикалното организирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk