logo
logo
logo

Радев – Заев: Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и решавање на спорните прашања

Vecer | 30.11.2021

Радев – Заев: Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и решавање на спорните прашања

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република  Македонија Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател. Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република  Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.    

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk