logo
logo
logo

Радев: Во патоказот за Македонија МОРА ДА ЈА ИМА БУГАРСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА

Vecer | 25.05.2021

Радев: Во патоказот за Македонија МОРА ДА ЈА ИМА БУГАРСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека можно е Бугарија да ја тргне блокадата доколку во т.н. патоказ се вметне бугарската декларација изгласана во Парламентот на Бугарија и истата биде прифатена од Македонија.

-Чекаме да видиме каква патна карта (акциски план) ќе предложат од Македонија, за која се има амбиција да биде приложена во преговарачката рамка. Исто така објаснив дека таа патна карта треба да биде споредена со барањата (декларацијата) во бугарскиот парламент., вели Радев

Тој вели дека секој ден добива покани за разговор со европските лидери, со еврокомесари, со лидерите на ЕУ, но како што рече  темата е многу чувствителна, очекувањата се големи, односно се очекува на Советот во втората половина на јуни да има придвижување за прашањето за европскиот пат и за започнување на преговори за Македонија.

Сепак според него треба да се има предвид дека Бугарија нема парламент и дека е тешко да се оствари напредок.

- Се надевам дека разбирате оти ако има разлики, а немаме парламент, ќе биде многу тешко да се оствари напредок. Сепак, исклучително важно е час поскоро да воспоставиме политички дијалог со Македонија на највисоко ниво, на работно ниво, на ниво на комисии за да може сите тие теми да бидат придвижени, изјави Радев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk