logo
logo
logo

Радев најави помош за бугарските хотели кои на дружење ќе примаат дечиња од Бугарија и Македонија

Vecer | 02.06.2021

Радев најави помош за бугарските хотели кои на дружење ќе примаат дечиња од Бугарија и Македонија

Постои цела листа формални услови на кои треба да се работи за Скопје да ги исполни условите за пристапување во европското семејство. Бугарскиот претседател Румен Радев уште еднаш повтори дека треба да се работи на тоа младите во двете земји да не се мразат едни со други.

- Кога ја формирав привремената влада, им поставив задачи на привремените министри за туризам, за образование и за надворешни работи, да размислуваат како да ги зближиме нашите млади луѓе. Наместо да плаќаме за мерки за одржување на туризмот во живот, државата треба да им даде пари на оние хотели, кои ќе обезбедат целосна поддршка за деца, ученици, како од Бугарија така и на нашите пријатели од Република Македонија, рече Радев и додаде дека ја споделува идејата со македонскиот претседател Стево Пендаровски за време на нивната заедничка посета на Рим.

Тоа, истакна бугарскиот претседател, ќе биде исклучително важен чекор што ќе ги отвори вратите на двете земји кон одржлива и стабилна иднина.

- Во него ќе имаме пријателство не со документи, ниту со декларации, туку вистинско пријателство и почит кон луѓето од двете страни на границата, додаде Радев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk