logo
logo
logo

РАЧНИ БОМБИ И КУРШУМИ пронајдени во скопско училиште

Vecer | 13.05.2021

РАЧНИ БОМБИ И КУРШУМИ пронајдени во скопско училиште

Рачни бомби, како и куршуми биле пронајдени во училиште во скопски Карпош, соопшти МВР.

Случајот го пријавила директорката која вели дека за време на расчистување на просторија покрај куршуми и бомби пронашле и алатки за активирање на мини.

Полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР ги подигнале истите и констатирале дека се работи за училишни предмети.

„На 12.05.2021 во СВР Скопје, Т.С., директорка на училиште на подрачјето на Карпош, пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето заедно со вработениот М.Н.(43), пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини, кои се подигнати од полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР, при што било констатирано дека станува збор за школски предмети – соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk