logo
logo
logo

„Работниците добиваат откази“ - КСС со ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ на 15 април

Vecer | 09.04.2021

„Работниците добиваат откази“ - КСС со ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ на 15 април

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најавува предупредувачки протест на 15 април поради незадоволство од актуелната ситуација во државата во однос на работничките права. Одлуката за протестот е донесена на највисокиот орган на синдикатот на 7 април.

Протестот ќе почне од булеварот Гоце Делчев спроти Македонска телевизија, преку Собранието, a ќе заврши пред Владата.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, на прес-конференција соопшти дека македонскиот работник е осиромашен и не може да ја преживее кризата, се отпуштаат работници и се принудуваат да потпишуваат спогодбено договори за отказ.

Според Ралповски, апсурдно е да се зборува за зголемување на минималната плата од 1,7 проценти кога инфлацијата во март е 2 проценти. Од КСС посочуваат дека се вршат притисоци врз синдикалните лидери и се одоговлекуваат претставките во судовите поднесени од страна на синдикатите.

Со овој предупредувачки протест ги повикуваме надлежните да седнат и сериозно да ги разгледаат нашите барања кои не се илузија, туку барања за имплементирање на постоечките закони. Официјално 50 до 60 илјади работници ја имаат изгубено работата, а нови отпуштања се очекуваат во угостителскиот сектор кој е затворен со новите рестриктивни мерки – истакна Рапловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk