
Целта на одржувањето на сесиите, како во Охрид, е подобрување на усогласеноста на компаниите со законската регулатива, а истовремено поттикнување на бизнис-секторот со свои предлози да помогне за подобрување на легислативата.
-Дури 70 отсто од компаниите, што се целна група на овие сесии, се правни субјекти од градови надвор од Скопје. Досега се реализирани 10 од 19-те предвидени средби во рамки на активноста, а по нивното завршување врз основа на дискусиите ќе произлезат конкретни предлози до државните институции во насока на унапредување и подобрување на регулативата што се однесува на водењето бизнис, истакна Билјана Прличкова од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии која е партнер во проектот.
Ана Марија Маневска, од консултантската компанија „ЕПИ центар" истакна дека истражувањето спроведено во рамки на проектот покажува дека најголем интерес за дискусија кај бизнис-субјектите се правата и обврските што произлегуваат од Законот за работни односи, законските одредби од областа на даночната и царинска политика и од областа на животната средина и урбанизмот.
Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог се во крајна линија и главните поенти на новиот четиригодишен проект со кој првпат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).
Коментари