Со скршен колк и отворени рани на истата нога заради шеќер, 55 годишниот Божидар Павловски на почеток од месецов го изгубил и работното место во ЈП Градски паркинг.

Во пајак-службата почнал во април лани со договор на определено време, но два месеца подоцна паѓајќи од точак го скршил колкот и останал на боледување. Вели тогаш боледувањето не било причина да не добие продолжување на договорот, ама на почеток од месецов кога како што вели конечно после долг период застанал на нозе, добил разочарување. Градски паркинг му дал отказ.

„Се јавив на шефот, тој ми кажа дека директорот нема да ни ги потпише договорите„ Не ми кажаа зошто, немам никакво објаснување“, вели Павловски за Сител.

Павловски не сака да верува дека неговата инвалидност и долгото боледување влијаеле паркинзи да не му го продолжат договорот.

Првиот човек на Градски паркинг не одговорил на прашањето на Сител дали физичкиот хендикеп е причината што Павловски останал без работа.