logo
logo
logo

Пункт за ревакцинација близу границата со Србија?!

Vecer | 04.06.2021

Пункт за ревакцинација близу границата со Србија?!

Македонските државјани кои пред три месеци патуваа дури до Белград за вакцина, најверојатно ќе се ревакцинираат на пункт блиску до границата со Србија. Министрите за здравство на двете земји се договараат како да се олесни завршувањето на имунизацијата за Македонците вакцинирани со прва доза во Србија. Откако вчера српскиот претседател Александар Вучиќ побара од владата да се дозволи слободна вакцинација на македонските државјани, Филипче утрово почнал преговори за ревакцинација.

Весникот „Блиц“ објави дека, Македонците кои ќе сакаат да се вакцинираат во соседството, ќе можат да бираат меѓу четирите вакцини кои ги има во Србија – „Фајзер“, „Синофарм“, „Астра Зенека“ и „Спутник В“.

За да примат втора доза дома, на ревакцинација.мк се пријавиле помалку од 1000 граѓани.

Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ побара од неговата Влада да овозможи бесплатна вакцинација за Македонците со право на избор на вакцина, но засега ваква одлука официјално српските власти немаат донесено. Ваквиот гест Филипче го оценува како пријателски, но вели дека не станува збор за договор. Кај нас имунизацијата со прва доза тече со забавено темпо, кое треба да се забрза со следната пратка од 10.000 вакцини „Фајзер“ што треба да стигнат за два дена.

Во наредните седум дена пак, се очекува да пристигне и најголемата пратка вакцини досега - пола милион дози кинески „Синовак“. Наместо шишенца, оваа вакцина ќе биде спакувана во 500.000 шприцеви спремни за боцкање.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk