Доцна синоќа во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Ферид Бајрам“ две лица физички го нападнале вработениот и одзеле пари од дневниот промет.

Според пријавеното, едно од лицата од пиштол испукало кон пултот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.